Францускиот композитор и пејач Шарл Азнавур плати 40.000 долари за своја ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анцелес.
Случајот со славниот шансоњер не е преседан туку вообичаена процедура за славните личности кои сакаат да имаа своја ѕвезда на Булеварот на славните. Тие мора да имаа богати спонзори.
Организаторот секоја година предлага по дваесетина личности за добивање на ѕвезда на Булеварот на славните. Со договорот е предвидено присуство на славната личност на „отворање на ѕвездата“ и пет години да биде популарен и активен во музичката, филмската или телевизиската индустрија.
Уплатата од 40.000 долари се префрлуваат на Холивудскиот историски фонд кој е задолжен за организација на настаните на Булеварот на славните.
Од сите ѕвезди кои во моментот се наоѓаат на Булеварот на славните, 47 отсто припаѓаат на категоријата филм, 24 на телевизијата, 17 на музиката. Постојат и специјални ѕвезди со кои се изразува благодарност до корпоративните ентитети, организации и други луѓе, но тие не се дел од Булеварот, туку се наоѓаат на приватен имот.
Астронаутите кои беа на Месечината, Нил Армстронг. Едвин Олдрин и Мајкл Колинс имаат посебни ѕвезди на Булеварот на славните.
Некои уметници имаат свои ѕвезди во повеќе категории. На пример Уметникот Џин Отри има ѕвезда во сите пет категории, додека Боб Хоуп, Мики Руни, Рој Роџерс и Тони Мартин имаат ѕвезда во четири категории, додека 33 славни личности имаа ѕвезда во три категории, меѓу кои се Френк Синатра, Дин Мартин и Дени Кеј.
Помеѓу фиктивните карактери кои имаат ѕвезда на Булеварот на славните се Мики Маус, Душко Долгоушко и Пајо Паторот.