Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02.40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека тие се товарат за кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Покрај нив, во инцидентот учествувало и трето лице, 18-годишен жител на Гостивар, кој управувал патничко моторно возило „голф 4″ со кое пристигнале на местото на настанот.
Полицијата соопшти дека тројцата биле повикани на разговор на 16 август во полициската станица Кисела Вода, а кривичните пријави ќе бидат поднесени во консултација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот.