ВМРО-ДПМНЕ се поверојатно е дека и по вчерашниот состанок на Извршниот комитет нема конечен став за референдумот или си остава период за размислување до 10 септември како што најави лидеорт на партијата Христијан Мицкоски.
Ден по состанокот нема официјална информација за расправата, но неофицијалните од партиски членови, говорат дека Комитето синоќа покрај економските теми кои беа и најавени пред состанокот, се расправало и за референдумот.
Неофицијално во расправата имало неколку опции за однесувањето на партијата пред претстојниот референдум.
Дел од членовите на Комитетот ја застапувале тезата дека референдумот треба да се бојкотира затоа што тоа било волјата на мнозинството граѓани, други настапиле со став дека ВМРО ДПМНЕ не треба да остане настрана од овој процес и дека треба да повика на гласање. Имало и став партијата да не дефинира официјален партиски став туку да остави гласачите сами да одлучат дали ќе гласаат или бојкотираат.
За ВМРО-ДПМНЕ позната е само опцијата дека нема да повика на рефрендум и да се гласа „за“ е исклучена.
Како точно ќе биде формулиран партискиот став останува да се види до 10 септември.