Охрид зафатен од невреме со град и дожд

Повеќе улици беа поплавени, што го отежна сообраќајот, а вода навлегла и во дворови и куќи.

1266

Силно невреме проследено со грмежи, град и пороен дожд попладнево после 14.30 часот го зафати Охрид.

Повеќе улици беа поплавени, што го отежна сообраќајот, а вода навлегла и во дворови и куќи.

Невремето, кое траеше околу еден час, беше пропратено со силен ветер кој искрши гранки и постари дрвја. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на последиците.

Штетите од невремето дополнително ќе се утврдуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...