Владина делегација положи цвеќе за денот на АРМ

Делегацијата оддаде почит и положи венци цвеќе и пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.

99

По повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија составена од Исмет Рамадани, надворешен соработник за НАТО прашања и Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана, денеска оддаде почит и положи цвеќе пред споменикот на партизанските гробишта во Скопје.

Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата оддаде почит и положи венци цвеќе и пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...