Во една „бомбите“ за предметот Титаник“ Мартин Протоѓер ѝ вели на Гордана Јанкулоска да провери преку нејзините контакти, дали сопругата на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.
– Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски – ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска и додава дека тоа ќе направело пресврт во кампањата.
Јанкулоска во друг разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората. Протоѓер ѝ дава насоки да провери преку сестра ѝ на сопругата на Црвенковски, која работела во Амбасадата кај Љубиша Георгиевски.
– Ни Дачиќ не знае каква услуга сум побарала, оти и он е комуњар, знаеш – се шегува Јанкулоска.
– Ти вртам за да знаеш како да го спакуваш – додава Јанкулоска.
Таа подоцна на Протоѓер му потврдува дека на таа адреса во Хрватска, семејството кое живее таму е на Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски.
Во разговор од 2011 година, Јанкулоска на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки да врти кај членови на антикорупциската комисија, за да отворат предмет за имотот во Корчула на сопругата на Црвенковски.
– Ај види Антикорупциска да имаат предмет за Б. Ц. Охрабри ги веднаш. На Војче, на Љубинка, сврти им – му вели Јанкулоска на Котевски, кој пак ѝ ветува дека ќе сврти кај Војче./ Макфакс.