МЗШВ: Фактите за сообраќајката ги побиваат лагите на ВМРО-ДПМНЕ

1149
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро ги демантира изнесните невистини во врска со сообраќајната несреќа на лицето Н.Б. вработено во Министереството.

МЗШВ уште еднаш најостро ги отфрла информациите дека несреќата се случила надвор од работно време и дека возилото било управувано без овластување.

„На ден на 09.05.2018 година на вработеното лице му е издадено овластување со број 02-5902/1 и своерачно потпишана изјава со број 02-5902/2 исто од 09.05.2018 година за задолжување за управување и користење за потребите на МЗШВ со службеното возило марка „дачија дастер“ со регистарски таблици SK-562VH.

Овластувањето и изјавата за задолжување се потпишани од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и истото е уредно архивирано во Архивата на МЗШВ.

Ова овластување е согласно Упатсвото за користење и управување на службени возила на МЗШВ број 02-5826/1 од 08.08.2017 година и е изготвено врз основа на член 49 став 1 и член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на Државната Управа. Согласно дел пет, точка 8 од Упатството:

‘Право на управување со службено возило може да добие вработен во МЗШВ коj има важечка возачка дозвола за соодветната категорија и не му е изречена забрана за управување со моторно возило’. Лицето Н.Б. е вработен во МЗШВ со договор на определено време и согласно тоа има право на вакво овластување.

Во истиот дел пет, точка 11 од ова Упатсво, стои дека во итни ситуации овластениот корисник е должен во рок од 24 часа достави наолог за службено патување или одобрение за користење и управување на службено возило, издадено од министер:

‘Во исклучителни итни ситуации, лицето одговорно за управување со моторни возила во министерството може да издаде на употреба возило и врз основа на усно барање на корисникот, при што на задната страна од записникот за примопредавање на службеното возило ќе се наведе дека возилото е издадено по усно одобрение, а овластениот корисник е должен во рок од 24 часа достави налог за службено патување или одобрение за користење и управување на службено возило, издадено од министер’.

Со оглед на тешките телесни повреди со кои се здоби лицето, оперативните зафати на белодробното крило и клучната коска, поради критичната ситуација лицето е сѐ уште на лекување. Имајќи ја во предвид здравствената сотојба на лицето Н.Б. и постоперативниот стрес од сообраќајната несереќа, како и периодот за рехабилоитација препорачан од лекарите, лицето сѐ уште е на боледување и согласно горенаведениот дел пет точка 11, не е во можност да дојде во МЗШВ и да го потпише патниот налог“, се наведува во демантот од МЗШВ.

Сите детали за сообраќајната несереќа се во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи (http://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1182).

„Срамно и нечовечки е да се злоупотребува несреќен случај за манипулирање на јавноста и собирање на политички поени“, коментираат од Министерството за земјоделие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...