Свлечиште им се заканува на жителите од Жировница

Жителите се исплашени и стравуваат за своите животи и имот, зашто свлечиштето е сѐ уште активно. Тие апелираат за помош од Владата.

218
20150813 Thursday 1200 Tetovo Sipkovica svlaciste poroen dozd poplava steti razruseni kuki cistene precenka

Големо свлечиште претставува закана за повеќе семејства од најголемото долнореканско село Жировница, во општина Маврово и Ростуше.

Освен земја, камен и дрвја, според претседателот на Советот на општината Алил Алили, свлечиштето откорнало и една бандера за пренос на електрична енергија, која паднала врз куќа, но за среќа предизвикана е само помала материјална штета.

– Жителите од долна маала, каде е присутна оваа појава се исплашени и стравуваат за своите животи и имот, зашто свлечиштето е сѐ уште активно – вели Алили и додава дека им е потребна помош од надлежните на централно ниво.

Посочува дека потребна е изградба на потпорен ѕид со цел да се избегне евентуална поголема трагедија, зашто при поголеми дождови можно е куќите да се излизгаат надолу.

Инаку, поради наглото топење на снегот и обилните дождови, на патнот правец Дебар-Маврово, посебно делницата Дебар-Жировница има чести одрони, пред сѐ, од камен земја, поради што се препорачува многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација.

Од дебарската секција на „Македонја пат“, под чија надлежност е оваа и делницата Дебар-Глобочица, кон Струга, велат дека нивни екипи се постојано на терен во расчистување на одроните, со цел побезбедно одвивање на сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...