Васко Ѓурчиновски нов началник на ГШ на АРМ

426

Со Указ на претседателот Ѓорѓе Иванов генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Неговото назначување беше соопштено на централната прослава на 18 Август – Денот на АРМ, на која учествуваат државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор.

Ѓурчиновски доаѓа на местото на генерал-потполковник Методија Величковски, кому му истекува тригодишниот мандат. Новиот началник на Генералштабот на АРМ досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО во Брисел.

Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специјалец.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...