Прскање против инсекти во Куманово

82
Во паркот кај затворениот градски базен во Куманово денеска ќе се врши третирање против инсекти.
Општина Куманово порачува граѓаните да бидат внимателни и да избегнат подолг престој на површините непосредно по извршувањето на третманот.
Во понеделник и вторник, 21 и 22 август, на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта е спречување на ширење заразни болести чии вектори се инскетите. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, посебно зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови.
Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Ако временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш ќе се одложи за наредниот ден.

За дезинскеција и дератизација двапати годишно, општина Куманово одвојува 600.000 денари. Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...