ВМРО-ДПМНЕ: Хонорарец уништил возило на Министерството за земјоделие

1095

Возило на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство минатиот месец, поточно на 9. јули управувано од лицето Н.Б. од Виница, направило сообраќајна незгода и целосно е уништено, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму побараа одговор од министерот Љупчо Николовски.

„Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од Министерството? Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништило? Кој дозволил ова лице да управува службено возило? Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време? Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму побараа министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај.

Фотографијата од уништеното возило ја објавија порталите Курир и Република.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...