МВР ги подобрува условите за работа во повеќе свои објекти

123

Продолжуваме со реализација на градежните активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи, информира МВР.

– По пат на отвoрена постапка со критериум за доделување на договор најниска цена склучен е договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи како во СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје, соопшти министерствотро.

Од таму потсетуват дека минатата година интензивно работеле на реконструкција и санација на голем број објекти, а со тоа и на подобрување на условите за работа на вработените. Беше направена реконструкција и обновување на ресурсите за работа во следниве објекти и тоа: Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...