СЈО бара исклучување на јавноста за 7 од 1 000 бомби во „Титаник”

292

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО побара да бидат отфрлени предлозите на адвокатите на обвинетите во „Титаник“, за доставување записник и барање за примопредавањето на бомбите.

– Обвинетите бараат доказ за да се изведуваат доказите –  рече Стефанова пред судот.

Таа потенцираше дека листата на докази со бомбите е влезена во правна сила и за тоа веќе има решенија на Апелациониот суд во Скопје, како и одобрен обвинителен акт.

– СЈО е државен орган, а вработените се службени лица и сносат одговорност за нивната работа – одговори Стефанова на тезата на адвокатите на обвинетите.

Во седум бомби има приватни разговори и за нив СЈО побара јавноста да биде исклучена откако претходно во судницата ќе бидат пуштени сите бомби.

Специјалното обвинителство во овој предмет има покането 191 сведок и има 5 910 писмени докази. /Макфакс

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...