ВМРО-ДПМНЕ: Имаме политичка одговорност и одговараме само пред граѓаните

130

Има ли некој во седиштето на СДСМ или сите од раководството се посветени на криминал, истите стерилни соопштенија нема да го направат капитулантскиот договор на Заев подобар

Има ли некој во седиштето на СДСМ или сите од раководството се посветени на криминални тендери, злоупотреби и хедонизам?

Ако имаше некој во седиштето тогаш немаше секое утро да ги пуштаат истите, стерилни, копирани соопштенија кои не се разликуваат ниту по точките и запирките.

Што се однесува до самата суштина, ВМРО-ДПМНЕ има политичка одговорност и единствено одговара на граѓаните на Република Македонија истите тие кои на кој СДСМ секој ден им ја зголемува агонијата, им го отежнува животот и одзема иднината.

Стерилните соопштенија нема да го направат капитулантскиот договор на Заев подобар ниту пак да го задржат институционалниот идентитет од кој Заев и СДСМ се откажуваат, а кој е клучно обележје на постоењето на еден народ и држава.

Нема иднина со земја која е најкорумпирана во Европа, со образование кој е најнеквалитетно во регионот и го нема ниту на Шангајската листа за квалитетно образование, со економски раст кој е најнизок во Европа.

Сето ова е така затоа што криминогени политичари ја водат државата, со единствен интерес профитот. Се до тогаш Македонија нема иднина. Затоа СДСМ мора да падне за да Македонија победи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...