Метеоролозите најавуваат дека до недела ќе преовладува стабилно и суво време, но локално не е исклучена појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Според информациите од УХМР, од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Времето и денеска на повеќе места, особено во западните и југозападните делови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 20 до 32 степена.