Си ги терале трите деца да питачат и да се проституираат

192

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „запуштање и малтретирање на дете“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Џ.М. (34) и С.М. (30) од Кичево.

Во текот на минатата и оваа година, пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, психички и физички ги малтретирале нивните три малолетни деца, а потоа ги присилувале да излегуваат на улица во Кичево и во други градови и да питачат, а девојчињата ги терале да се проституираат.

Со пријавените, како и со малолетните деца е извршен разговор во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи од Кичево, информираше портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...