СДСМ повторно го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се изјасни за референдумот.
„Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си, граѓаните се за светла иднина наместо небиднина. Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот. Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина. Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став? Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните. Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност. Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!“, се наведува во соопштението на СДСМ.