„Елсеведи електрик“ заинтересирана за инвестирање во енергетскиот сектор 

648

Премиерот Зоран Заев на средба со менаџментот на компанијата „Елсеведи Електрик“, предводен од основачот и сопственик, инженер Ахмед Ел Севеди, разговараше за можностите за инвестирање во земјата.

На средбата покрај делегација на мултинационалната компанија, присуствуваше и Франц Кухар, член на менаџментот на словенечката компанија „Искраемеко“ која е дел од групацијата „Елсеведи“.

Претставувајќи ја компанијата, Ел Севеди покажа особен интерес за можностите за инвестирање во Македонија посебно во областите каде фирмата е лидер на пазарот и тоа за обезбедување целосни и интегрирани енергетски решенија во различни сектори како што се: проводници и кабли, трансформатори, управување со енергијата, електрични производи и производство на енергија од ветар и сончева енергија.

Заев изрази задоволство од посетата на претставниците на реномираната компанија како и од покажаниот интерес од словенечката компанијата „Искраемеко“ која е меѓу водечките светски компании во мерните производи, системи и услуги на електричната енергија.

Тој ги информираше соговорниците за новиот Закон за енергетика, во кој се содржани ЕУ директивите и регулативите на Третиот енергетски пакет, како и дека Македонија е на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи.

Се разговараше и за отворените можности за инвестирање во железничкиот сообраќај, енергетската инфраструктура, хидроенергетскиот систем и секторот за природен гас.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...