СДСМ до Мицкоски: Негрижа за образованието беше карактеристика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ тврди дека во образованието сега се вовуваат сериозни реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок.

308

Христијан Мицкоски, човекот кој бил асистент кај својот татко и претставник на криминалната ВМРО-ДПМНЕ која со години системски го уништуваше образование нема ама баш никаков кредибилитет да говори на оваа тема, реагира СДСМ на видео изјавата на Мискоски во која ја обвинува власта дека со негрижата го рунинирала образованието.

„Негрижа за образованието, експерименти со разно-разни програми, екстерни тестирања, понижување на наставниците и професорите, срушена автономија на универзитетите, ученици, студенти и родители под стрес, беше карактеристика токму за време на криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ“ стои во реакцијата на СДСМ.

Згора на се, додаваат од СДСМ, за клучни прашања за иднината на државата Мицкоски молчи и нема јасен став.

– Оценката на Христијан Мицкоски е недоволен 1! – велат од СДСМ.

СДСМ тврди дека во образованието сега се вовуваат сериозни реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...