Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Ју-Ес опен

Ѓорческа во моментов се наоѓа 600-то место на ВТА листата.

101

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во првото квалификациско коло за Ју-Ес опен.

Ѓорческа согласно моменталното рангирање не би можела да игра во квалификациите, но сепак организаторите и дозволија да учествува поради фактот дека минатата година беше на 170-то место на ВТА листата за време на турнирот.

Македонска тенисерка паузираше неколку месеци заради повреда на зглобот на раката, но повторно се врати на терените и изминативе два месеци настапи на неколку ИТФ фјучерси.

Ѓорческа во моментов се наоѓа 600-то место на ВТА листата.

Квалификациите за Ју-Ес опен почнуваат на 21 август, а за македонската тенисерка ова ќе биде трето учество

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...