862 иселеници се пријавиле да гласаат на референдумот

86

Преку веб апликацијата www.dijaspora.se​c.mk до Државната изборна комисија доставени се вкупно 862 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Од нив, 836 пријави се прифатени, 19 се одбиени, а останатите се во обработка.

Најголем број пријави се доставени за гласање во Берн – 72, во Лондон – 69, во Торонто – 57, Љубљана – 48 и Канбера – 36.

Во однос на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ве информираме дека заклучно со вчерашниот ден вкупно 1967 граѓани извршиле јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Од нив, најголем број граѓани увид извршиле во Битола – 295, Струмица – 148, во Радовиш – 128 и во Прилеп – 104.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...