Вратените праски ќе завршат во Британија или во Косово?

300

Владата работи на тоа да нема штети од забраната за увоз на македонски праски во Руската федерација и да се врати состојбата во нормала, истакна денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по порибувањето на акумулацијата Глобочица.

Повтори дека земјава не добила официјално известување за времената мерка и дека се во тек засилените инспекциски контроли на пунктовите.

Според Николовски, претставници на компании од Англија и Косово се веќе во Росоман за да проценат дали може да откупат одредени количини од трите камиони што ги врати Рсуија.

– Посветени сме на извоз до последниот килограм праски или кое било друго овошје, да биде обезбеден пласман на други пазари. Го менаџиравме тоа цела недела и денеска претставници на компании од Англија и Косово се во Росоман. Менаџиравме да може да се извезе она што е веќе подготвено – подвлече министерот.

Тој соопшти и дека иницирал средба со рускиот амбасадор во Македонија.

– Како копретседател на меѓувладината комисија контактирав со другата страна, но новата Влада во Русија нема назначено копретседавачи. Цела година ги негувавме партнерските односи и во делот на земјоделството, со мојата посета на Русија правевме се да ги нормализираме активностите, бидејќи последните пет години немало никакви владини комуникации – објасни министерот Николовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...