Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, следната сезона ќе го замени Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед, објави францускиот весник „Л’Екип“.
Како што се наведува, Зидан по три последователни европски титули со Реал, сака нови предизвици, но тоа не е Јувентус. Изборот паднал во Премиер лигата на Манчестер Јунајтед.
Јунајтед ниту со Мурињо не успеа да се врати на врвот во домашниот и европскиот фудбал, а трпението на американските сопственици е при крај, па се очекува шанса да добие трофејниот Французин.
Во прилог на доаѓањето на Зидан оди и веројатноста со него во тимот да спласне незадоволството кај Пол Погба и со тоа и тој да остане на „Олд Трафорд“.
ФОТО: EPA PETER POWELL