Скопје, 15 август 2018 (МИА) – СЕХА-лигата ги одреди датумите за сите натпревари во сезона 2018/19. Уште во првото коло ќе се случи македонското дерби меѓу Металург и Вардар.
Оваа сезона во регионалното ракометно натпреварување ќе играат 10 екипи, дебитант е Стеауа од Романија.
До крајот на годината ќе треба да се одиграат 13 кола, додека последните пет се предвидени за следната 2019 година.
Завршниот турнир, фајнал-фор, ќе се игра од 5 до 7 април 2019 година.