Приведен Турчин кој со фалсификуван зелен картон влегол во земјава

125

На Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Македонија допатувал O.A. (54) од Република Турција, кој управувал товарно возило „даф“ со полуприколка „тирсан“ со турски регистарски ознаки.

За возилото на увид доставил зелени карти за осигурување од автоодговорност од осигурителна компанија, за кои било констатирано дека се фалсификувани.

O.A. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...