Во двор на здравствена установа во Неготино вчера со автомобил било удрено 11 -годишно девојче од Велес.
Четириесет и осум годишна жена од Неготоно управувајќи патничко возило „киа спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес. Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.