Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата, како што информираа од владината прес-служба, ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и рационалност.

121

Владата најави промотивна и информативна кампања во пресрет на референдумот на 30 септември за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”.

Одлуката за кампањата за споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата, Владата ја донесе на вчерашната 83-та седница.

Владиниот советник за евро-атлантски интеграции Бојан Маричиќ, најави дека по завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес.

– Убедувањето на граѓаните ќе биде пред се дека мора да излезат и да гласаат затоа што е ова граѓански глас. Референдумот е врвно демократско право и сите оние, кои што, се заинтересирани за решавање на македонско-грчкиот спор и за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО треба да излезат и да гласаат- изјави Маричиќ.

Кампањата, како што информираа од владината прес-служба, ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и рационалност.

Министерства и другите органи на државната управа, од Владата вчера беа задолжени, во рок од три дена до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...