Жугиќ: Во управни одбори има и сторители на кривични дела

564

Љубица Јанчева, претседателката на Советот на Град Скопје, и градоначалникот Петре Шилегов по директивите на СДСМ именуваа повеќе од 100 лица за членови во управни одбори во јавните претпријатија, обвини Јелена Жугиќ, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа тврди дека дел од нив се партиски активисти на СДСМ и дека меѓу нив има луѓе обвинети за тешки кривични дела. Жугиќ ги предизвика медиумите да истражат кои се луѓето што се избрани.

– Шилегов и Јанчева се ставаат над законот. Тие не демантираат. Законите не важат за сите. Шилегов ветуваше транспарентни и одговорни институции. Ги немаме истите. На седницата нема дискусија за овој скандалозен чин. Немаме докази, но имаме сомнеж. Ви фрлам ракавица да истражите кои се тие луѓе, а не да поставувате потпрашања. Треба да бидете на страна на граѓаните – рече Жугиќ.

Прашана на што ги темели нејзините кажувања за именување лица без квалификации, таа вели дека се само сомненија.

Таа обвини дека Јанчева и Шилегов на седница на 1 март изгласале најмалку стотина членови на управни и надзорни одбори на градските претпријатија на максимално нетранспарентен и шверцерски начин, без притоа, и покрај инсистирањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да се прикажат биографиите на истите личности и да се увиди дали тие ги исполнуваат законските услови за нивно назначување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...