Веќе едвај, веќе како со сила, со тешко срце, жал да те фати! Те бил професоинален, те ќе останел во МВР да „придонесе“(!?), ама направил „грешка“, па морало да има одговорност, зашто притискала јавноста, (безобразна една).
Не бе другари, ова е жалосна и бескрвна „одговорност“. Камо изјава дека оваа влада се залага за професионална и одговорна администрација, дека има намера во оваа земја да воведе повисоки, европски стандарди во сфаќањето на јавната функција и политиката, дека нема да дозволи ни најмала злоупотреба на државните ресурси за лични цели, дека испраќа силна порака дека секоја неодговорност ќе биде енергично санкционирана…
И тако даље и томе слично…
Ништо од тоа.
Вака изгледаат работите, килаво и бледо, кога ни сам не веруваш во она што го правиш. Не си ни да честиташ на потегот, кога е таков, изнуден.
Еден поранешен функционер, Чокревски, ако некој го памти, на времето велеше: „За жал, мора да ја почитуваме демократијата“. Еве и ние денес го правиме истото, ја почитуваме демократијата. За жал.
Што би рекол Злате наш, заслужуваме подобро, ама ајде…