Рецепт за дебакл

Преку социјални мрежи и интернет се информираат само 15 отсто од граѓаните во Македонија. Огромното мнозинство, 85 отсто, преку телевизиите... Дали Владата ќе се бори за оние 15 отсто?

1900

Што покажуваат последните неколку анкети, кои горе-долу имаат ист резултат, кој се разликува во доментот на статистичката грешка на анкетите?

Прво, дека во изминатиот период рејтингот на СДСМ паѓа, што е индикатор за кој сериозно треба да размисли владејачката партија.

Второ бројката на граѓани кои се определиле за бојкот се движи околу 20 отсто.

Трето, мнозинството етнички Македонци негативно гледа на договорот со Грција.

Овие клучни параметри кои покажуваат трендови, заедно со други битни прашања и кростабулации, за тимовите кои ги читаат и толкуваат резултатите даваат јасна насока околу идните стратегии – ако има навистина спремни тимови.

И нешто друго многу важно, почитувани ФБ пријатели: преку социјални мрежи и интернет се информираат само 15 отсто од граѓаните во Македонија. Огромното мнозинство, 85 отсто, преку телевизиите…

Ако продолжи Владата по паметот на Насер и Тамара да не води информативни кампањи за мнозинството граѓани, ќе се тепа за поделба на оние 15 отсто.

Тоа е сигурен рецепт за дебакл.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...