Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, по уривањето на надвозникот во градот во кој живее на својот прогфил на Фејсбук напиша дека е шокиран, но дека е добро.
„Зборовите се излишни …Сѐ уште сум во шок. Само мисла за
жртвите и нивните семејства“, напиша на Фејсбук, Нацоски.
Делот од автопатот А10 во пристанишниот град Џенова се урна денеска. Досега има 30 жртви, а се претпроставува дека има уште.