Анализираме дали е исплатливо да се формира домашна авиокомпанија, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната прес конфернеција.
– И до сега се правеле анализи и се покажало дека формирање на домашен авиопревозник не е исплатливо. Правиме нови анализи врз основа на кои ќе видиме дали тоа е исплатлива опција. Земени се како пример земји во регионот, како што е Србија каде што авиопревозникот функционира по принципот јавно-приватно партнерство – рече Сугарески.