Најмалку 22 жртви при уривање на надвозникот во Италија

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна денеска откако го погоди гром, тврдат сведоци.

432

При уривање на надвозник во близина на Џенова денеска настрадаа најмалку 22 лица, а бројот на жртви ќе продолжи да расте, изјави денеска италијанскиот заменик- министер за сообраќај Едоардо Рикси.

– Неприфатливо е толку важен мост да не биде изграден на начин за да се избегне ваков вид на колапс. Се урна централниот дел на надвозникот, изјави Рикси, и додаде дека најмалку 20 возила паднале од мостот.

Официјалните лица наведуваат дека има десетици мртви, меѓу кои е и едно дете, а се трага по преживеаните.

Италјанскиот премиер Џузепе Конте во текот на денот ќе пристигне во Џенова, најавија од неговиот кабинет. Премиерот во Џенова ќе остане и утре.

Надвозникот Моранди, дел од автопатот А10, се урна денеска откако го погоди гром, тврдат сведоци.

Според италијански медиуми се урнал надвозник од 200 метри на магистралата А-10 што води кон Франција и популарни места за одмор во други региони во Италија.

Бетонскиот мост Моранди е отворен во 1967, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил обновен во 2016 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...