Костадинов: Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи (ВИДЕО)

202

Македонско-грчкиот договор го отвора патот за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со признаен и зајакнат македонски идентитет. Со пристапувањето кон ЕУ создаваме услови за подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани, за поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, инвестиции, раст и развој. Со членство во ЕУ влегуваме во пазар од 500 милиони потрошувачи, или 7,5% од светската популација.

Ова го изјави денеска Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата.

– Влегуваме во најголемата светска економија со учество од 23,8% од светскиот БДП. За нас како држава, за нашите граѓани и компании, тоа ќе значи влез во 25 пати поголем пазар, со приближно 5 пати поголем стандард на живот (според БДП по жител) и значително ниска стапка на невработеност. Членството во ЕУ го подобрува кредитниот рејтинг на земјата и значително ги зголемува домашните и странските инвестиции – рече тој.

Костадинов нагласи дека со една „наша одлука овие вредни и значајни придобивки од членството во ЕУ и НАТО можат да станат наша реалност, наше секојдневие, светла иднина за нас и за нашите деца“.

– На 30-ти септември имаме историска шанса тоа да го обезбедиме, членство во ЕУ и НАТО со обезбеден македонски идентитет, македонска култура, наследство, македонски јазик, еднаш засекогаш. „Да“ за македонската иднина – рече Костадинов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...