Единаесетгодишно дете возејќи мотор вчера се удрило во автобус и се повредило, соопшти МВР.
Сообраќајната незгода се случила во скопско Дељадровце, вчера во 15.30 часот. Мотоциклот „хамачи“ без регистарски ознаки бил управуван од 11-годишник од селото и удрил во автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, линија број 66, управуван од 48-годишниот М.Б. од истото село.
При незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.