Пожар избувнал ноќеска во 2.53 часот во во машинското одделение на поликлиниката „Неуромедика“ на улицата Јордан Мијалков во Скопје.
Пожарникарите интервенирале на терен до 4.15 часот изутринава.
Според првичните информации, опожарени се 10 метри квадратни, а материјалната штета сѐ уште не е утврдена. На терен било интервенирано со две возила и пет пожарникари.