Од утре ќе разлади, ќе врне до викендот

1342

Во следните три дена започнувајќи од утре попладне во Македонија, како што најавуваат од УХМР, повторно ќе има врнежи од дожд, којшто наместа ќе биде пороен, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8 Т-мин. од 10 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени.

Во среда и четврток ќе биде нестабилно на повеќе места, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок и сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...