Од утре, 14 август до 3 септември можен е забавен проток на јавниот превоз на „Партизанска“ од крстосницата со булевар „8-ми Септември до мостот „ Обединети нации“ поради геодетски мерења и вадење кернови од страна на „Геинг“, соопшто ЈСП.
Автобусите и автобуските постојки ќе сообраќаат/функционираат вообичаено, но извесно е дека се можни одредени застои поради условите на терен.
ЈСП ги моли патниците за трпение.