Пациентот со вештачко срце си замина дома

792

 

Пациентот со првото вградено целосно вештачко срце во Македонија си замина дома, по едномесечен постоперативен период во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, соопшти Клиниката.

– Четириесет и шестгодишниот пациент од Штип не го криеше задоволството од заминувањето дома, во кругот на семејството. Во Клиничката болници се и повеќе од задоволни од неговата општа здравствена состојба и од брзото закрепнување по една од најтешките и најкомплицирани операции во кардиохирургијата, стои во соопштението.

Оперативниот зафат на вградување целосно вештачко срце, којашто беше изведена во ноќта помеѓу 11 и 12 јули и траеше повеќе од пет и пол часови, комплетно ја изведе тимот од „Аџибадем Систина“, предводен од шефот на Одделот за кардиохирургија, проф. д-р Александар Николиќ.

Со оваа операција, Македонија влезе на листата од 25 земји во светот каде што се изведува овој исклучително комплициран кардиoхируршки зафат, покрај држави како што се САД, Канада, Франција, Германија, Турција, Велика Британија, Италија…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...