Дедај ги нарече „кравари и платеници“ сите што беа против неговото именување за амбасадор во Македонија

597

Досегашниот заменик министер за надворешни работи на Косово Ѓерѓ Дедај, кој е веќе именуван за амбасадор во Македонија, упати навреди кон сите кои се противеа на ова негово именување, нарекувајќи ги „кравари“, „пратеници на срамот“, „новинари платеници“ и слични навредливи епитети, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Продолжувам во МНР, во очекување на новата мисија во Скопје! Не ми се пие кафето, кога слушам какви „големи мажи на нацијата“ го бараат моето разрешување… и не знам дали се погледнале себе си во огледало тие препродавачи на крави, одгледувачи на печурки, (б)аналитичари, „пратеници на срамот, „новинари“ платеници?!, напиша Дедај на својот профил на Фејсбук.

Именувањето на контроверзниот дипломат за амбасадор во Македонија предизвика бројни негативни реакции во косовската јавност и медиумите, главно поради неговите навредливи изјави во однос на турската држава.

Пратениците од малцинските етнички заедници од Групата 6+ во косовското Собрание побараа разрешување на Дедај и се спротивставија на неговото именување за дипломатски претставник на Косово во Македонија.

Со отворено писмо против именувањето за амбасадор се јави и градоначалникот на Митровица Агим Бахтири, кого Дедај го нарече „одгледувач на печурки“, поради тоа што е сопственик на фабрика за преработка на печурките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...