Прегазен кумановец со тешки повреди заврши на Клиника

150

На регионалниот пат Куманово – Скопје, вчера околу 19.20 часот автомобил  „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (57) од с.Орланци, Арачиново, удрило во пешакот П.К. (40) од с.Умин Дол, кумановско.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Куманово. Поради сериозноста на повредите пешакот бил префрлен во Ургентен центар во „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...