Само 40 ученици сакаат да претстојуваат во ученичкиот дом во Куманово

Установата е подготвена за почеток на учебната година за прием и сместување на учениците кои одбрале да учат во една од насоките на петте средни училишта во градот, објаснуваат надлежните.

106

Четириесетина ученици од селата од кумановско и од општините Кратово, Крива Паланка и Старо Нагоричане поднеле барање за прием во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ” во Куманово, информираа денеска од образовната установа. Учениците кои се запишале во првиот и вториот уписен рок, ќе се сместат на почетокот на учебната година.

Установата е подготвена за почеток на учебната година за прием и сместување на учениците кои одбрале да учат во една од насоките на петте средни училишта во градот, објаснуваат надлежните.

– Секоја година се намалува бројот на ученици во средните училишта, а со тоа и интересот за прием во ученичкиот дом, изјави – директорката Љубица Павловски.

Условите за изведување на настава и домување ги задовуваат потребите на учениците, оценуваат надлежните. Интернатот располага со библиотека, кабинети и простор за рекреација. Учениците добиваат и поддршка од професори за дополнителна настава по предмети за кои имаат потреба.

Сместувањето на учениците во ученичкиот дом го финансира Министерството за образование. Проектираниот капацитет на „Професор Мијалковиќ” во Куманово е 120 ученици.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...