На депонијата „Мегленци“ покрај тоа што има тони ѓубре и глутница од кучиња, има и педесетина свињи, кои се пуштале за гоење, а потоа се продавале на добиточните пазари, јавува екипата на ТВ 21 .
Новинарската екипа од соговорниците дознала дека свињите двапати годишно се пуштаат да пасат кај депонијата.
Никој од надлежните инспекторати ниту еднаш досега не презел ништо за да го оневозможи одгледувањето животни наменети за човечка исхрана на една ваква депонија.