ВМРО-ДПМНЕ: Директорката на хематологија овозможила тендери за компанијата на татка си

466

Дали клиниката за хематологија се претвора во приватна клиника на семејството Пановски, прашува ВМРО-ДПМНЕ, по информациите дека веледрогеријата на др Пановски добила тендер од клиниката во која директор е неговата ќерка.

– Доколку тоа што Директорката на клиниката за хематологија, Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата добитник на тендерот, не е злоупотреба на службена положба и корупциски скандал, власта да објасни на јавноста за што станува збор? Ова е директен судир на интереси на штета на буџетот. Ќерката директор на клиниката овозможува тендери за компанијата на татка си, и тоа во три наврати во период од септември лани до мај годинава. На сајтот на Бирото за јавни набавки се прикажани сите три договори меѓу Клиниката за хематологија и веледрогерија „д-р Пановски“, но, како јавија и медиумите, документите за две од трите постапки ги нема, а на достапниот договор наместо ќерката-директор, потпишани се овластени потписници – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...