Презентација на вториот извештај од следењето на Планот 3-6-9

Наодите на извештајот укажуваат подобрување во формулацијата на активностите, како и приоретизацијата и структурирањето на областите и активностите во вторите три месеци од планот.

151

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска ќе го презентира извештајот Трка на 3,6 и 9 со пречки-Кон чиста препорака? со наодите од набљудувањето на спроведувањето на вторите три месеци од Планот.

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот.

– Наодите на извештајот укажуваат подобрување во формулацијата на активностите, како и приоретизацијата и структурирањето на областите и активностите во вторите три месеци од планот. Сепак, останува забелешката дека, и покрај горенаведените подобрувања, планот, во овој дел, сѐ уште содржи активности кои не претставуваат реформски зафати односно претставуваат ресорни надлежности на институциите. Она што исто така се забележува е отсуство на континуитет во одредени области и активности кои произлегуваат од првите три месеци на планот – наведуваат од Институтот.

Наодите од извештајот, се додава, сугериират дека Владата и Секретаријатот за европски прашања треба да се фокусираат на навремено информирање на јавноста за статусот на реализација на преостанатите активности во планот и суштинско вклучување на засегнатите страни во процесот на креирање и спроведување на реформите.

Следењето на реформите е дел од проектот „Перформ он Реформ” кој го спроведува ИДСЦС во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...