Пике стави крај на репрезентативната кариера

183

Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике, денеска преку социјалните мрежи објави дека заврши со настапите во шпанската репрезентација.

– Разговарав со новиот тренер на репрезентацијата Луис Енрике пред неколку недели и му соопштив дека сакам да ја завршам мојата кариера. Тоа беше прекрасен период во кој го освоив Европското првенство и Светското првенство. Сега целосно ќе се посветам на Барселона, објави Пике на својот Твитер профил.

31-годишниот Пике поради својот афирмативен став кон независноста на Каталонија, не беше омилен меѓу навивачите на Шпанија и често беше исвиркуван за време на натпреварите на „црвената фурија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...