Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа „Неуромедика“ според кои седумте деца кои побарале лекарска помош немале труење од храна.
„Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од дополнителните испитувања ќе ја утврдат објективната причина за случајот“, соопштија од ФФМ.
Младите фудбалери од генерациите 2004 и 2005 од пред два дена се вселија во новиот сместувачки капацитет на Академијата на ФФМ во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот“.