Албанската полиција рано утрово го уапси Ридван Зикај (24), осомничен дека убил осум члена на своето семејство.
Осомничениот Зикај е уапсен километри подалеку од селото Ресуљај, а на 90 километри јужно од Тирана. Потерата за масовниот убиец траела повеќе од 12 часа.
Полицијата го пронајде и калашниковот со кој е извршен масакрот во семејството. Ккао што се наведува, Зикај би можел да биде осуден на доживотен затвор.
При апсењето бил потполно мирен и ладнокрвен, без трошка емоции во очите. Албанските медиуми пренесуваат дека Зикај најверојатно бил ментално заостанат.