Не дал да се омажи сестрата, му се заканиле дека ќе го убијат

251

Закана со пиштол добил  А.М. од Здуње бидејќи не ја дал сестрата да се омажи за Н.Е. од Врапчиште, Тетовско.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 21 часот во Полициската станица Гостивар, А.М. (28) од село Здуње, Гостиварско, пријавил дека околу 19.30 часот пред неговата куќа дошол Н.Е. од село Врапчиште, Тетовско, кој ја побарал за сопруга неговата сестра. Откако А.М. не дозволил, Н.Е. извадил пиштол и му се заканил дека ќе го убие, по што заминал.

МВР соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...