Таравари: Во Гостивар има четворица инженери и шестмина доктори со презиме Таравари

1258

Општина Гостивар не овозможува градби без потребната документација, возвраќа градоначалникот Арбен Таравари на обвинувањата од огранокот на ДУИ дека со акциите за рушење на дивоизградени објекти, ја сокрива вистината и го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти.

– За тој објект има записник, како и за неколку други, кои надлежните инспекциски служби ги направиле и за нив се води постапка. Во Гостивар има четворица инженери и шестмина доктори со презиме Таравари, зарем треба да им забранам да работат? Доколку постои поврзаност или заеднички интерес на фирмите на моите роднини и локалната самоуправа треба веднаш да бидам пријавен кај надлежните институции – рече Арбен Таравари.

На конференција за новинарите потпретседателот на огранокот Башким Хасани посочи дека фирма на близок роднина на гостиварскиот градоначалник гради објект за домување на место кое е предвидено за спортски терени во населбата Осма зона.

– Со непостапувањето на инспекциски служби и преземање на мерки, подразбираме дека Таравари го поддржува и охрабрува урбанистичкиот хаос. Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини. Тој, декларативно се залага за развој на спортот, но во реалноста со овие негови дела ја уништува иднината на секој млад човек и на секој жител на оваа населба – рече Хасани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...